ИЗВЕСТУВАЊЕ
Врз основа на член 12 од Упатството за спроведување на избори за членови и претседател на Факултетско студентско собрание на Архитектонски факултет – Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година, бр. 18-22/1 од 5.2.2025 година, Изборната комисија ги известува студентите дека одржувањето на собири на студенти по студиски години на кои ќе се утврдат кандидатите за претседател и членови на Факултетско студентско собрание, е според следниот распоред:
- Собирот на студенти од прва година ќе се одржи на ден 10.2.2025 година (понеделник), од 10.00 до 10.30 часот во Аудиториумот на Факултетот;
- Собирот на студенти од втора година ќе се одржи на ден 10.2.2025 година (понеделник), од 10.30 до 11.00 часот во Аудиториумот на Факултетот;;
- Собирот на студенти од трета година ќе се одржи на ден 10.2.2025 година (понеделник)од 11.00 до 11.30 часот во Аудиториумот на Факултетот;;
- Собирот на студенти од четврта година ќе се одржи на ден 10.2.2025 година (понеделник) од 11.30 до 12.00 часот во Аудиториумот на Факултетот;;
- Собирот на студенти од петта година ќе се одржи на ден 10.2.2025 година (понеделник), од 12.00 до 12.30 часот во Аудиториумот на Факултетот;.
За начинот на организирање, одржување и одлучување на собирите на студентите одговорни се студентите од соодветните години, при што во целост ќе бидат запазени и почитувани принципите на транспарентност, јавност и инклузивност. Се истакнува дека бројот на предложени кандидати може да го надмине бројот на претставници од соодветните студиски години.
Во прилог на ова известување се објавуваат Образец 1 – Пријава за кандидатура за претседател на Факултетско студентско собрание на Архитектонски факултет – Скопје, Образец 2 – Пријава за кандидатура за член на Факултетско студентско собрание на Архитектонски факултет – Скопје.
Образец 1 и Образец 2 мора да бидат лично потпишани од студентот-кандидат и да се поднесат преку Архивата на факултетот до Изборната комисија најдоцна до 14.2.2025 година.
ИЗБОРНА КОМИСИЈА
- Образец бр.1
кандидатура за претседател на ФСС
- Образец бр.2
кандидатура за член на ФСС