Со особена чест и задоволство Ве покануваме на отворањето на ретроспективната изложба
ЖИВКО ПОПОВСКИ – Живот посветен на архитектурата
ŽIVKO POPOVSKI – A Life Dedicated to Architecture во салите на Музејот на современа уметност – Скопје.

Изложбата претставува ексклузивен увид во приватната архива на архитектот Живко Поповски: оригинални проекти, цртежи, фотографии и видео материјали што овозможуваат целосно согледување на неговите авторски преокупации.
Куратори: Анета Христова – Поповска и Мери Батакоја
📍 Музеј на современата уметност – Скопје
📅 3 септември 2025
🕖 20:00 часот
Ве очекуваме!
***
Изложбата ја реализира Музејот на современата уметност – Скопје, со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија како проект од национално значење за 2025 година.
Во нејзината реализација великодушно придонесоа Комората на овластени архитекти и инженери на Република Северна Македонија и компанијата КНАУФ.
Сите материјали се дел од приватната архива на Живко Поповски.