Се известуваат сите кандидати заинтересирани за пријавување на Вториот циклус студии – Постдипломски студии по архитектура на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје дека согласно Конкурсот за запишување студенти на втор циклус на студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2025/2026 година, на Архитектонскиот факултет право на конкурирање за запишување во втор циклус имаат кандидати кои завршиле прв циклус на соодветни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиската програма Архитектура.
На Архитектонскиот факултет пријавувањето во првиот рок ќе се одвива на 18 и 19.9.2025 од 10.00 до 14.00 часот, додека запишувањето ќе се одвива на 25 и 26.9.2025 година од 10.00 до 14.00 часот, во службата за студентски прашања на факултетот.
При пријавувањето кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- пријавен лист за запишување;
- оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение), а за кандидатите кои завршиле во странство - Решение за нострификација на документите за завршено образование, издадено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија;
- куса биографија (CV);
- потврда за активно познавање странски јазик;
- потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00);
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи (доколку кандидатите имаат).
Од Конкурсната комисија