доцент

  Liljana Dimevska Sofronievska
+389 (0)2 3116 328 / 137
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

pdf ОДЛУКА ЗА ЗВАЊЕ


Доц. д-р Лилјана Димевска Софрониевска е родена во 1991 година во Штип. Високото образование го завршува на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје, на интегрирани петгодишни студии по архитектура, каде што магистрира со просечен успех 9,5. Во текот на студиите е добитник на повеќе признанија, меѓу кои: Признание за најдобар студент на Архитектонскиот факултет за студиската 2014/2015 година, со просек 9,86; Признание „Инженерски прстен“ за најдобар дипломиран студент.

Во 2024 година успешно ја брани докторската дисертација на тема „Анализа на енергетски перформанси на објекти од модернизмот со аплицирани фасадни наноматеријали“ на Градежниот факултет при УКИМ, стекнувајќи се со научниот степен доктор на технички науки.

Нејзината академска кариера започнува како демонстратор на Градежниот факултет, продолжува како асистент на Архитектонскиот факултет, а денес работи како доцент на Архитектонскиот факултет, на Институтот за графички комуникации. Паралелно, активно е ангажирана и во приватниот сектор како овластен архитект-проектант, учествувајќи во изработка на бројни идејни и основни архитектонски проекти.

Нејзиниот научно-истражувачки интерес е насочен кон анализа на перформансите на архитектонските објекти, со особен фокус на енергетската ефикасност и одржливоста користејќи современи алатки за софтверско моделирање и симулации, особено BIM технологии.

Автор е и коавтор на многубројни научни трудови, од кои значителен дел се индексирани во базата Scopus, а дел се објавени во списанија со импакт фактор. Активно учествува во меѓународни научно-истражувачки проекти, вклучително и во улога на главен истражувач, како и во бројни научни конференции и симпозиуми.

Добитник е на наградата „Најдобро остварување во областа на градежното конструкторство за дела завршени во 2023 и 2024 година”, доделено од страна на Друштвото на градежни конструктори на Македонија – ДГКМ

 

Настава

 

Прв циклус на студии:
Нацртна геометрија (Архитектонски и Градежен факултет)
Вовед во компјутерски помогнато проектирање (CAD/CAAD)
Компјутерски помогнато проектирање – BIM (нова програма)
Компјутерски помогнато проектирање – CAD/CAAD (стара програма)
Архитектонска графика
Перспектива

 

Втор циклус на студии:
Перспектива
Енергетски ефикасни објекти

 

Трет циклус на студии: