редовен професор
Продекан за финансии, инвестиции и развој

  Marija Mano Velevska
+389 (0)2 3116 328 / 147
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

pdf ОДЛУКА ЗА ЗВАЊЕ


Редовен професор на Институтот за архитектонско проектирање при Архитектонскиот факултет во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Дипломира на Архитектонски факултет - Скопје во 2002 година, а магистерските студии во архитектура и урбанизам ги завршува на Институтот за архитектура во Десау, Германија во 2008 година. Магистерскиот труд насловен „Од тип до антитип“ ги истражува обрасците на трансформациските процеси во денешното општество на брзи промени, каде економијата на конзумеризмот ги обединува материјалните добра, културата и архитектурата. Сеприсутната промена како основа на просторни и програмски феномени во современите урбани средини и потребата од променливост како двигател на архитектонската продукција, понатаму ги истражува во докторската дисертација на тема „ Архитектонски манифестации во потрошувачкото општество од аспект на променливост“, завршена и одбранета во 2013 година на Архитектонскиот факулет - Скопје.

Нејзината работа ги поврзува научното истражување со проекти од архитектурата и урбанизмот. Автор е на повеќе статии и трудови, како и уредник на неколку публикации, меѓу кои: „Разговори“ – монографија по повод 60-годишнината на Архитектонски факулет- Скопје што опфаќа интервјуа со седум реномирани архитекти и професори, попратено до видео-запис од нивните предавања одржани на Факултетот; серија од десет книги што ја претставуваат работата на секоја сесија од интегративното студио насловено „Обрасци на раст“, односно „РАСТ 2.0“, со студенти од деветти семестар на Архитектонски факултет- Скопје; како и монографското издание „Педагошки и методолошки постапки на учење архитектура: Интегративно студио РАСТ 2.0 (2017-2022)“ што ја рефлектира идејната и теориската, како и педагошката и методолошката рамка во која се создаваат проекти како критички и полемички размисли за современиот град., сите заедно со Слободан Велевски.

Има учествувано и организирано повеќе архитектонски изложби, а во 2018 година е е ко-куратор (заедно со Слободан Велевски) на изложбата „Freenigspace“ во Македонскиот национален павилјон на 16-тото Биенале за архитектура во Венеција (la Biennale di Venezia), -проект што претставува современото читање на градскиот простор, осврнувајќи се на фрагментарната природа на современиот град и концептот на слобода вграден во мноштвото актуелни социо-просторни реалности.

 

Настава

 

Прв циклус на студии:
Архитектонско проектирање 1
Архитектонска анализа

 

Втор циклус на студии:
Интегративно студио
Тип и антитип во архитектурата
Просторни асемблажи

 

Трет циклус на студии:
Методологија на научно истражувачка работа во областа
Истражувања на изградениот простор
Архитектурата во потрошувачката стварност