асистент
![]() |
|
| +389 (0)2 3116 328 / 150 | |
Асист. м-р Јана Брсакоска Патлиџанковска е родена во 1989 година во Прилеп. На интегрираните петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се запишала во 2007 година. Магистерскиот труд со наслов „Истражување во областа на објектите од општествен карактер со интегрирана програмска содржина од трговија, транспорт и култура“, успешно го одбранила во октомври 2012 година, со што се стекнала со стручен назив - магистер инженер архитект.
Во учебната 2021/2022 година, м-р Јана Брсакоска се запишува на докторските студии по архитектура и урбанизам на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде успешно ги реализира предвидените наставни обврски. Истражувачкиот интерес на докторскиот труд е во областа на здравствената архитектура и праксата базирана врз докази, со посебен фокус на просторните конфигурации на здравствените објекти.
Од април 2014 до октомври 2015 година работи како соработник во соработничко звање помлад асистент од областа урбано и просторно планирање и проектирање на Архитектонскиот факултет при првиот приватен универзитет – ФОН Универзитет во Скопје.
Во 2020 година е избрана во соработничко звање асистент на група предмети на Институтот за архитектонско проектирање при Архитектонскиот факултет –Скопје, во состав на Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје.
Автор и коавтор е на повеќе научноистражувачки трудови објавени во меѓународно научни списанија, меѓу кои со импакт фактор, како и на стручни трудови и публикации. Дел е од национални и меѓународни истражувачки проекти, учествува во повеќе меѓународни собири, конференции и изложби.
Од 2012 година до денес е активна во стручно-апликативната дејност, и активен член во Комората на овластени архитекти и овластени инженери, каде има стекнато овластувања во областа на проектирање, урбанистичко планирање и надзор.
| Настава |
| Прв циклус на студии: |
| Архитектонско студио 1 |
| Архитектонско студио 2 |
| Втор циклус на студии: |
| Архитектонско студио 7 |
| Архитектонско студио 8 |
| Интегративно студио |
