лаборант
![]() |
|
| +389 (0)2 3116 328 | |
Филип Јовановски (1979) дипломирал на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2010 година, а магистрирал на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје во 2019 година со проектот „Кога зградите би зборувале“.
Во својата практика, Јовановски ја истражува интердисциплинарната конекција на различните медиуми – архитектура, визуелна уметност, театар, видео, филм и просторни инсталации. Најчесто уметничко изразно средство се просторните визуелни интервенции во јавен простор. Тој создава долгорочни општествено- ангажирани уметнички проекти, кои се базираат на истражување и честопати во соработка со различни заедници.
Во 2023 година, Јовановски е избран за стручен соработник - лаборант на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје , а од истата година предава предмет Сценографија како експерт од практиката на Факултетот за драмски уметности при УКИМ во Скопје.
Од 2022 година, тој е дел од стручниот тим на Биеналето за сценски дизајн во организација на Отсекот за уметност и дизајн на Факултетот за технички науки во Нови Сад.
Неговиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“, кој ја претставуваше Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година ја доби главната награда „Златна Трига“. Во 2023 година е еден од кураторите на националниот и студентски павилјон на Прашкото квадриенале за дизајн на перформанс и простор, насловен „Градот како сцена: Изгубени модернистички утопии".
Јовановски е еден од авторите на македонскиот павилјон насловен „Ослободување на просторот“, кој ja претставуваше Република Северна Македонија на Венециското биенале за архитектура во 2018 година.
Јовановски ја истражува уметничката изразност и потенцијал и во областа на сценографијата до сега создавајќи триесетина сценографии, дизајн и архитектонско обликување за театарски претстави и проекти за кои е добитник на неколку награди како што се:
- Наградата за најдобра сценографија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (2010, коавтор) за претставата „Кавкаски круг со креда“,
- Посебна награда за архитектура од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (2015, коавтор) за проектот на мобилната- монтажна галерија на Центарот за современи уметности од Скопје.
- Добитник e на наградата за млад ликовен уметник „ДЕНЕС“ (2013) доделена во рамките на програмата на награди за млади визуелни уметници (YVAA – https://www.yvaawards.org/), востановена како интернационална мрежа на слични награди со поддршка од американската фондација „TrustfromMutualUnderstanding“, US foundation.
- Наградата „Ладислав Баришиќ“ од АИКА – Македонија за истражувачки проект (2015, коавтор) за проектот „Колективното делување како политичка, а не организациска одлука“.
- За проектот „Штампање заеднички простори“, како дел од Биеналето за сценски дизајн, во рамките на „Нови Сад европски град на културата 2022“, Јовановски е добитник на наградата „Ранко Радовиќ“, награда за најдобра мултимедијална поставка/изложба, што ја доделува Здружението на ликовни, применети уметници и дизајнери на Србија за 2022 година.
| Настава |
| Прв циклус на студии: |
| Архитектонско студио 7.4 (2025/2026) |
| Архитектонско студио 8.4 (2025/2026) |
| Втор циклус на студии: |
| Интегративно студио (2024/2025) |
