виш лаборант
![]() |
|
| +389 (0)2 3116 328 / 129 | |
Д-р Ѓорѓи Димков е роден во Скопје во 1964 година. По дипломирањето (1991 година) на Архитектонскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во 2005 година на истиот факултет магистрира со труд под наслов „Компаративна анализа на реализираните градежни системи во станбената населба Аеродром – Скопје со индустриска префабрикација – аспекти на флексибилност и економичност”.
Во 2021 година ги завршува докторските студии на Архитектонскиот факулет при Универзитетот во Белград, Република Србија, со дисертацијата „Референтни модели бондручних и лаких монтажних објеката за Скопску област“.
Професионалната кариера ја започнува 1992. година како дипломиран архитект во студиото за ентериер и дизајн “Гема-проект„ во Скопје, а во 1995. година е избран за помлад асистент на Архитектонскиот факултет – Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Неговото истражување се фокусира на различните архитектонските конструктивни системи и технологии на градба, преку анализа на применетите системи и конструкции во објектите од Македонската народна архитектура, системите применети во станбената населба Аеродром и во градот Скопје.
| Настава |
| Прв циклус на студии: |
| ААрхитектонски конструкции 1 |
| Моделарство |
| Архитектонски конструкции 2 |
| Архитектонски конструкции 3 |
| Менаџмент |
